logo
logo
logo

Кина: Враќањето на астронаутите од „Шенжоу-20“ според предвиденото

Vecer | 11.11.2025

Кина: Враќањето на астронаутите од „Шенжоу-20“ според предвиденото

Откако мисијата за враќање претходно беше одложена, веднаш беа активирани планови и мерки за итен одговор, а беше спроведена и сеопфатна симулациска анализа, тестови и проценка на безбедноста на „Шенжоу-20“. Исто така, „сите системи ригорозно спроведуваат заеднички тестови“ и „сеопфатните вежби за враќање на екипажот се спроведуваат на местото на слетување“, соопшти КМСА.

Кинеската вселенска станица „Тијангонг“, се додава, работи нормално и има капацитет да поддржи два екипажа во Земјината Орбита. Луѓето од „Шенжоу-20“ работат и живеат нормално на станицата и спроведуваат научни експерименти заедно со екипажот на „Шенжоу-21“, според наводите.

Ова е седма мисија до кинеската вселенска станица откако беше завршена во 2022 година. „Тјангоунг“ е во ниската орбита на Земјата, меѓу 340 и 450 километри над површината на Земјата.

Враќањето на „Шенжоу-20“ првично беше закажано за 5 ноември, но беше одложено поради сомнеж за судир со вселенски отпад. Кина го лансираше „Шенжоу-21“ до „Тијангонг“ кон крајот на октомври, со тројца астронаути, како замена за „Шенжоу-20“ којшто се наоѓа таму од април. 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk