logo
logo
logo

Кина почнува двомесечна офанзива против „штетна“ содржина на социјалните мрежи

Vecer | 22.09.2025

Кина почнува двомесечна офанзива против „штетна“ содржина на социјалните мрежи

Пекинг бара од компаниите што управуваат со социјалните мрежи строго да ја контролираат содржината за да се спречи објавување на она што може да се смета за субверзивно, вулгарно, порнографско или општо штетно.

Кинеската управа за кибер простор (CAC) во денешното соопштение како проблеми на социјалните мрежи ги наведе и „ширењето гласини“ за економијата, финансиите, социјалната заштита и јавната политика, како и „злонамерното толкување на социјалните факти, преувеличувањето на особено тешки ситуации и нивната експлоатација за промовирање на негативна визија за животот и разочарување“.

Некои млади Кинези зборуваат за „култура на излежување“ или „препуштање да се иструли“, со што онлајн се опишува начин на живот кој ја отфрла културата на напорна работа и општествениот мир.

Кампањата на мрежите има за цел да зајакне „поцивилизирана и поразумна онлајн средина“ и „да го сузбие злонамерното поттикнување на конфликти и омраза“.

Кинеското регулаторно тело минатата недела објави дека презема „дисциплински и казнени мерки“ против три дигитални платформи кои ја занемариле својата обврска за контрола на објавената содржина. Меѓу нив се платформите за микроблогирање Weibo и платформата за кратки видеа Kuaišu.

Средината на септември, ова регулаторно тело презеде слични мерки кон платформата Xiaohongshu која наликува на Инстаграм.

Не беше прецизирано какви конкретни мерки се преземени против овие платформи.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk