logo
logo
logo

Киднапирана Американка оставила порака во тоалет- непозната жена ризикувала сѐ за да ја спаси

Vecer | 24.03.2025

Киднапирана Американка оставила порака во тоалет- непозната жена ризикувала сѐ за да ја спаси

Неименувана жена застанала на бензинска пумпа за да оди во тоалет, несвесна што ја чека.

Таму налетала на вознемирена жена која ѝ подала порака на парче хартија - и ја замолила да ја предаде на полицијата. Така започнала приказната со филмски пресврт.

Веднаш ја вклучи камерата

„Таа ја отвори вратата, ми подаде парче хартија и ми рече: „Те молам дај го ова во полиција“.

Жената излегла од тоалетот и ја вклучила камерата на телефонот. Таа снимила маж како стои покрај Шевролет и вознемирена жена која без прашање влегла во неговиот автомобил.

Потоа решила да ризикува и да ги следи, да им ги сними регистарските таблички, а додека возела повикала полиција и им кажала што се случува, пренесува LadBible.

Што се случи?

Властите брзо реагирале и го запреле Шевролетот, забележувајќи дека жената на совозачкото седиште е вознемирена. 53-годишниот маж зад воланот набрзо бил уапсен.

Епилогот од драматичната приказна го забележал и случаен минувач, кој го запрел својот автомобил во близина.

Жртвата ѝ рекла на полицијата дека била во врска 25 години, и дека нејзиниот партнер ја возел на работа тоа утро - и одеднаш ја променил рутата. Ја обвинил дека го изневерува, ѝ го зел телефонот и, како што тврди, ја удрил со тупаница по лицето.

Тешки обвинувања

Откако бил запрен, мажот најпрвин покажал лажна лична карта, а кога му било кажано дека ќе биде приведен, тој признал дека вистинскиот документ е во неговиот паричник.

"Го запрев автомобилот и гледав сѐ од далечина. Сакав да се уверам дека жената е безбедна, дека полицијата не дозволува да ја одведат", рекла случајната минувачка, која ја спасила киднапираната жена.

Локалните медиуми јавуваат дека мажот подоцна бил обвинет за киднапирање, напад, давање лажни информации и возење без дозвола.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk