logo
logo
logo

ХРВ: Трамп ги нападна основните столбови на демократијата

Vecer | 05.02.2026

ХРВ: Трамп ги нападна основните столбови на демократијата

Извршниот директор на ХРВ Филип Болопион наведе дека администрацијата на Трамп се оддалечила од долгогодишната поддршка на САД за човековите права на глобално ниво и покажува мал интерес за потиснување на авторитарните режими. Тој додаде дека Вашингтон сега им помага на земји како Кина и Русија да ги поткопаат човековите права и предупреди на „брз пад на квалитетот на демократијата во САД“.

ХРВ предупредува дека се влошува состојбата со човековите права во САД поради строгите имиграциски политики на Трамп, заканите за правото на глас и други мерки, како и реторика со расистички стереотипи и политики што се усогласуваат со идеологијата на белиот национализам.

- Борбата за иднината на човековите права во 2026 година најмногу ќе се води во САД, а ќе има последици во цел свет, истакна Болопион.

Белата куќа ги отфрли процентите на ХРВ и ја обвини организацијата за пристрасност.

Портпаролката на Белата куќа, Ана Кели изјави дека Трамп „направил повеќе за човековите права отколку таа левичарска група“, наведувајќи, меѓу другото, завршување на војните и заштита на верските слободи.

Во Извештајот на ХРВ се предупредува дека Русија, Кина и САД денес се помалку слободни отколку што беа пред 20 години. Кина е обвинета за систематско негирање на основните слободи, додека Русија е обвинета за понатамошно интензивирање на репресијата врз граѓанското општество. 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk