logo
logo
logo

Храбро 7-годишно девојче повикала Итна помош и ѝ го спасила животот на мајка си

Vecer | 07.03.2025

Храбро 7-годишно девојче повикала Итна помош и ѝ го спасила животот на мајка си

Од другата страна било 7-годишно девојче кое со мирен глас објаснило дека нејзината мајка „не се помрднувала и не зборувала“. Таа побарала помош.

Локалните медиуми разговарале со операторот Радомир, кој ги раскажал деталите за повикот на храброто девојче.

„Здраво, нешто чудно ѝ се случува на мајка ми“, рекла таа.

Операторот ја замолил да ја опише ситуацијата и веднаш испратил медицински тим на нејзината адреса, пренесува Blesk.cz.

 „Храброто девојче не испаничи и се држеше додека не дојде брзата помош. Мајката е пренесена во болница и ѝ е укажана помош“, изјави Радомир.

Властите го искористија овој случај за да апелираат до возрасните да ги научат своите деца како да реагираат во кризни ситуации, бидејќи на тој начин можат да спасат животи.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk