Судот пресудил дека Марјон К. вршел целосна контрола врз жртвите, ги изолирала, вршел тешко насилство и една од нив ја истренирала како „куќен роб“ повеќе од 15 години, објавија холандските медиуми.
Според обвинителите, Марјон К. се преправала дека е јасновидка за да манипулира со своите жртви, тврдејќи дека може да ги „исчисти негативните енергии“ и да им помогне да ја надминат траумата.
Една од жените, наводно, била под контрола на Марјон К. од 2005 до 2020 година, за кое време била подложена на тешки тепања, затворање и принудна работа на повеќе локации. Втората жена, наводно, пет години била под влијание на Марјон К. и исто така била експлоатирана, а обвинетата ја избодела со нож во 1996 година.
Марјон К. на жртвите им ги украла телефоните, банкарските картички и клучевите и ги одвоила од пријателите и семејството, правејќи ги целосно зависни од неа, пишува холандски Телеграф.
Двете жртви сведочеа за долготрајната траума предизвикана од злоупотребата, опишувајќи постојан страв, живот во ропство и тешка емоционална состојба.
Психолошките експерти ѝ дијагностицирале нарушување на личноста на Марјон К. и предупредиле дека постои голема веројатност таа да го повтори делото без лекување.
Обвинителите побарале и десетгодишна казна со задолжително психијатриско лекување, но судот одлучил дека обидот за убиство не е докажан, што резултирало со намалена затворска казна.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата