logo
logo
logo

Како подобро се одмрзнува месо, НА СОБНА ТЕМПЕРАТУРА ИЛИ...

Vecer | 19.05.2023

Како подобро се одмрзнува месо, НА СОБНА ТЕМПЕРАТУРА ИЛИ...

Повеќето луѓе кога го вадат месото од замрзнувач, го ставаат на кујнскиот пулт за побрзо да се одмрзне, без да размислуваат дали е добро.

Според „Cleaneatingmag“, месото не треба да се остава на собна температура повеќе од два-три часа. На пример, кога месото ќе се остави на површината на кујната еден ден, може да достигне температура од повеќе од четири степени, што предизвикува огромен раст на бактерии.

Покрај тоа, опцијата за одмрзнување со топла вода не е добра. Површинскиот слој на месото се одмрзнува побрзо и влегува во процесот на готвење под млаз топла вода. Затоа постудената вода е подобар начин за одмрзнување.

Уште подобар начин е да го оставите месото во фрижидер да се одмрзне, доколку не ви се брза. Потребно е да отстои околу 24 часа во фрижидер, по што станува подготвен за подготовка

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk