Денеска е крунисувањето на Чарлс III, новиот британски крал и неговата сопруга, кралицата Камила. Чарлс е најстариот крал во историјата на Велика Британија, а неговата сопруга е веројатно најомразената кралица во историјата на монархијата. Многумина се прашуваат што ќе се случеше со Дијана да останеше жива или каква улога ќе имаше во денешното кралско семејство.
Тешко е да се шпекулира дали Чарлс воопшто би се оженил со Камила и како би се одвивале настаните во последните 27 години откако Чарлс се разведе од својата прва сопруга. Кралот се разведе од принцезата Дијана во 1996 година, по долги години драма и одвоени животи.
Во 2005 година се ожени со Камила и во таа прилика беше објавено дека таа ќе стане принцеза кога Чарлс ќе стане крал, но по одлука на Елизабета II, Камила денеска ќе биде крунисана за кралица.
Со разводот Дијана се откажа од правото да стане кралица
Кога Дијана и принцот Чарлс се разведоа, принцезата се откажа од правото да биде следната кралица на Англија. Таа, исто така, мораше да се откаже од титулата HRH (Нејзиното кралско височество). По разводот беше договорено нејзината нова титула да биде Дијана, принцезата од Велс.
Иако кралицата била подготвена да и дозволи на Дијана да го задржи HRH, според некои извори, принцот Чарлс инсистирал да се откаже.
Загубата официјално ја обврза Дијана да им се поклонува на другите со HRH - вклучувајќи го и нејзиниот поранешен сопруг, па дури и нејзините сопствени деца, принцот Вилијам и принцот Хари. Не е познато дали ова правило е спроведено или не. Во времето на разводот, Палата таинствено рече дека принцезата Дијана сепак „ќе се смета за член на кралското семејство“.
Што би се случило со нејзините титули денес?
Меѓутоа, дали смртта на кралицата Елизабета и владеењето на Чарлс би влијаеле на титулата на Дијана ако принцезата не загинеше во сообраќајна несреќа во 1997 година?
„Таа би ја задржала титулата принцеза од Велс бидејќи тоа беше дел од првичниот договор за развод“, изјави експертот за уставни односи Роберт Морис од уставниот оддел на Универзитетскиот колеџ во Лондон за Њујорк пост.
И ова сценарио е доста комплицирано бидејќи, технички, Камила Паркер Боулс стана принцеза од Велс преку нејзиниот брак со Чарлс. Меѓутоа, ако принцезата повторно се омажи, таа ќе ја изгуби титулата и најверојатно повторно ќе стане лејди Дијана.
Според батлерот на Дијана, Пол Барел, кога таа ја изгубила титулата HRH, 14-годишниот принц Вилијам и рекол на својата вознемирена мајка: „Не грижи се мамо, ќе ти ја вратам еден ден кога ќе бидам крал“.
Дали би станала кралица-мајка на кралот Вилијам?
Некои веруваат дека Дајана би се квалификувала за титулата кралица-мајка доколку била жива, а нејзиниот син станел крал. Сепак, нејзината подобност би била комплицирана со развод, а титулата кралица-мајка, која ја имала мајката на кралицата Елизабета, исто така, значи дека таа е вдовица на кралот, што не би се однесувало на Дијана.
Сепак, како крал, Вилијам ќе има моќ да ги прекршува правилата, така што има добри шанси на некој значаен начин да го прослави статусот на својата мајка. И тоа веројатно не би променило ништо за Камила, сегашната сопруга на Чарлс.
Ако го надживее кралот Чарлс, Камила ќе стане кралица вдовица и нема да стане кралица мајка бидејќи не е мајка на идниот крал Вилијам.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата