logo
logo
logo

ЈАДЕ ЖИВО МЕСО И ЈАЈЦА ТРИ ГОДИНИ, тврди дека досега не се разболел од таквата исхрана

Vecer | 12.10.2021

ЈАДЕ ЖИВО МЕСО И ЈАЈЦА ТРИ ГОДИНИ, тврди дека досега не се разболел од таквата исхрана

Масовната употреба на Интернетот ни овозможи да ѕирнеме во приватните агли на непознати луѓе од другата страна на светот. Различен начин на живот, патувања и она што привлекува најмногу внимание е исхраната на другите луѓе.

Последниот човек во серијата кој привлече внимание е Вестон Роу (39) од Небраска, кој редовно консумира сурова храна од животинско потекло.

Тој тврди дека ги истражувал здравствените придобивки од суровото месо, па затоа целосно се префрлил на овој начин на исхрана. Тој вели дека овој режим многу му помогнал да ја подигне енергијата.

Три години редовно јадел храна како сурово говедско, пилешко и остатоци кои ги набавува од локалните фарми.

- Би рекол дека во овој момент јадам 99 проценти свежо сурово месо и никогаш не сум бил болен од оваа храна. Повеќе не консумирам преработена храна и да бидам искрен, воопшто не ми недостасува. Добивам месо и сурови млечни производи од локални фармери и пријатели кои имаат говеда, и одгледувам овошје во мојата градина - рече тој.

Тој јаде два до три оброци дневно.

- Понекогаш го прескокнувам појадокот, но ако сум гладен обично јадам три или четири живи јајца и малку овошје. Ручекот е мојот најобичен оброк, потоа јадам околу половина килограм сурово месо, несолен путер и три до четири јајца. За вечера додавам и варени компири. Десертот е сладолед направен од свежа павлака, млеко, јајца и мед - објаснува тој.

Неговата омилена храна е пилешки црн дроб, говедско со путер и овчо месо. Понекогаш дури и очите на овците се во неговото мени.

Како што вели, избегнува да додава зачини. Иако почнал да го применува овој начин на исхрана пред три години, тој отсекогаш бил заинтересиран за тоа и постојано се едуцирал за најдобрите начини за одржување на кондицијата.

„Сфатив дека мојата исхрана треба да се промени кога почнав да чувствувам навистина чудни симптоми како егзема, вртоглавица и замор“, рече тој.

Една од намирниците што е особено контроверзна во неговата исхрана е суровото пилешко, поради потенцијалниот ризик од труење со салмонела.

- Верувам дека суровото месо има природна рамнотежа на бактерии кои дејствуваат симбиотички со нашите тела и служат за одредена цел. Јадев стотици килограми сурово пилешко и далеку сум од било каква болест - објасни тој.

Вестон ги споделува своите навики за јадење и фотографии од оброците на Инстаграм и Јутјуб, и иако доби многу негативни коментари, тој вели дека неговите пријатели и семејството го поддржуваат.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk