Децата се чувствителни набљудувачи, а начинот на кој се однесуваме кон нив и кон вистината остава силно влијание врз нивното однесување. Еве кои клучни однесувања треба да ги избегнувате ако сакате да изградите однос на доверба и да поттикнете искреност кај вашите деца.
1. Избегнувајте лажење или претерување
Децата многу брзо забележуваат кога возрасните лажат или претеруваат, па често ги имитираат. Ако видат дека не ја кажувате вистината, може да добијат впечаток дека таквото однесување е прифатливо. Автентичноста во вашите зборови е клучна за градењето доверба.
2. Не реагирајте претерано на нивната искреност
Кога детето отворено споделува нешто со вас, важно е да останете смирени. Премногу силна реакција, како лутина или разочарување, може да го обесхрабрат да ви се довери во иднина. Наместо тоа, покажете разбирање и заблагодарете му за неговата искреност.
3. Одржувајте ги ветувањата
Ако често ги прекршувате ветувањата, вашите деца може да ја изгубат довербата во вас. Кога сте доследни во исполнувањето на вашите ветувања тоа им покажува дека сте доверливи и дека можат да се потпрат на вас.
4. Не зборувајте лошо за нив зад нивниот грб
Децата се чувствителни на она што се зборува за нив. Ако ве слушнат како ги озборувате, може да се чувствуваат повредени и несигурни да ги споделат своите мисли и чувства.
5. Избегнувајте осуда
Критикувањето на нивните мисли, чувства или постапки може да ги натера да се повлечат. Наместо осудување, обидете се да ја разберете нивната перспектива на ситуацијата и да понудите конструктивен разговор.
6. Не создавајте чувство на вина поради нивната искреност
Ако децата почувствуваат дека ги казнувате или обвинувате што се искрени, тие сè поретко ќе ги споделуваат своите мисли во иднина. Покажете им дека ја цените нивната отвореност, дури и кога темите се тешки.
7. Почитувајте ги нивните чувства, колку и да ви изгледаат безначајни
За децата, проблемите како изгубена играчка или недоразбирање со пријател се големи и реални. Со потврдување на нивните чувства, градите доверба и покажувате дека нивните емоции се важни.
8. Не користете ја нивната искреност против нив!
Ако подоцна ја искористите довербата на детето против нив, тие ќе се чувствуваат изневерени и помалку ќе ви се доверуваат. Доверливите работи треба да останат доверливи.
9. Избегнувајте поставување на нереални очекувања
Превисоките стандарди може да ги обесхрабрат децата да бидат искрени ако мислат дека нема да ги исполнат вашите очекувања. Бидете реални и поддржете ги во нивните напори.
Како да изградите доверба и да се поттикнете искреност?
Бидете пример за искреност! Зборувајте ја вистината, извинете им се кога ќе направите грешка и покажете емпатија.
Потврдувате ги нивните чувства, без разлика колку се мали нивните проблеми.
Поттикнете решавање на проблеми преку поставување на отворени прашања како: „Што мислиш дека треба да направиме?
Дозволете им моменти на тишина и простор за размислување.
Најважно е да создадете средина во која детето ќе се чувствува безбедно, почитувано и ценето. Децата кои растат во таква средина стануваат самоуверени и искрени возрасни луѓе, подготвени за здрави односи и предизвици што ги носи животот.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата