logo
logo
logo

Итконен: ЕК останува на предлогот за укинување на сезонската промена на времето, но одлуката е на земјите членки на ЕУ

Vecer | 22.10.2025

Итконен: ЕК останува на предлогот за укинување на сезонската промена на времето, но одлуката е на земјите членки на ЕУ

- Веруваме дека се уште постои можност да се најде усогласено решение за ова. Тоа е нешто за кое земјите членки мора да се согласат и да се координираат меѓу себе. Свесни дека од 2019 година нема вистински напредок по овој предлог, но сме подготвени да поддржиме донесување на каква била одлука околу тоа прашање, рече Итконен.

Таа додаде дека Европската комисија спровела повеќе студии за ефектите од менување на времето и е подготвена да обезбеди помош и поддршка за прифаќње на овој предлог. 

- Но, сега топката е на теренот на земјите членки и само од нив зависи дали ќе најдат заеднички став за ова. А до следниот клучен момент, секако, овој викенд одново ќе го смениме времето на часовниците, додаде Итконен. 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk