logo
logo
logo

Истополов брак склучен во земја членка е важечки во цела ЕУ, реши Европскиот суд на правдата

Vecer | 26.11.2025

Истополов брак склучен во земја членка е важечки во цела ЕУ, реши Европскиот суд на правдата

Сепак, Судот нагласи дека оваа одлука не ги обврзува земјите членки да ги вклучат истополовите бракови во нивните национални законодавства.

Судот со седиште во Луксембург ја донесе ваквата одлуката по жалба на двајца полски државјани, кои живееле во Германија и се венчале во Берлин во 2018 година, но по преселувањето во Полска, државата одбила да го признае нивниот брак, повикувајќи се на националното законодавство кое не познава истополови бракови. Тие се жалеле до Врховниот административен суд на Полска, кој ја одбил жалбата и ги упатил на Судот на правдата на Европската Унија.

Европскиот суд оцени дека одлуката на Полска е во спротивност на правото на ЕУ, бидејќи „ги крши слободата на движење и правото на почитување на приватниот и семејниот живот“.

Според Судот, кога истополова двојка е законски венчана во една земја членка, секоја друга држава од ЕУ во која двојката ќе се пресели или живее мора да го признае тој брак.

- Од земјите членки се бара да го признаат брачниот статус законски стекнат во друга земја членка, со цел остварување на правата утврдени со правото на ЕУ, се наведува во одлуката на Судот.

Во одлуката се додава дека земјите членки „имаат дискрециско право да ги изберат постапките за признавање на таквиот брак“, како и дека таа не ги обврзува да ги вклучат истополовите бракови во нивните национални законодавства. 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk