logo
logo
logo

Интернационален натпревар за најдобри вина по десетти пат во Кавадарци, се дегустираа пристигнатите мостри

Vecer | 08.02.2026

Интернационален натпревар за најдобри вина по десетти пат во Кавадарци, се дегустираа пристигнатите мостри

Натпреварот е во организација на Здружението за негување и развој на винска култура, вински туризам и производи од грозје „Винотек“ од Кавадарци.

Како што информираа денеска од здружението во изјава за МИА, претходно бил објавен јавен повик за доставување мостри за учество на натпреварот, по што стручно жири ги дегустираше, оценуваше и ги избра најдобрите вина. Резултатите од натпреварот ќе бидат соопштени, а признанијата ќе бидат врачени на 14 февруари.

- Настанот е по повод денот на лозарите и винарите „Свети Трифун“, што се одбележува на 14 февруари, а е во соработка со средното општинско земјоделско и шумарско училиште „Ѓорче Петров“ - Кавадарци. Активностите се под покровителство на градоначалникот и Општина Кавадарци и Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, подвлекоа од „Винотек“. 

Притоа појаснија дека се работи за вина произведени од регистрирани производители, мали семејни винарии, домашни индивидуални производители и странски винарии и производители.

- Има неколку категории за оценување. Млади вина берба 2025 година, бели, розе и црвени, со посебна категорија од автохтоната сорта на грозје, „станушина“. Потоа, мирни вина бели, розе и црвени, со, повторно посебна категорија, „станушина“.  Категорија, најдобри странски вина. За организирање на оценување од секоја категорија, требаше да има минимум по седум мостри, соопштија од „Винотек“.

Оттаму најавија дека ќе се доделат пехари, медали, дипломи и награди на најдобро оценетите три вина од секоја категорија. 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk