logo
logo
logo

Индија со вештачки дожд ќе се обиде да го реши загадувањето на воздухот

Vecer | 24.10.2025

Индија со вештачки дожд ќе се обиде да го реши загадувањето на воздухот

Регионалната Влада на Њу Делхи во соработка со Индискиот технолошки институт во Канпур вчера извршија експеримент за вештачко предизвикување на дожд. Едномоторен авион Цесна истрела ракета со хемикалии наменети за распрснување на облаци и поттикнување на дожд.

Целта на проектот е со вештачки предизвикан дожд да се намали концентрацијата на штетни честички во воздухот, кои во зимските месеци достигнуваат опасни нивоа по здравјето на луѓето.

Владата планира, доколку тестот се покаже како успешен, да спроведе поширока кампања за вештачко предизвикување дожд во текот на наредните недели за привремено подобрување на квалитетот на воздухот и намалување на ризиците по здравјето на жителите. 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk