logo
logo
logo

Ин мемориам: ПОЧИНА ПАНЧЕ (ПАНТА) МИЖИМАКОВ, продуцент на Среќна Нова, Џипси Меџик, Најдолгиот пат, Исправи се Делфина...

Vecer | 05.03.2025

Ин мемориам: ПОЧИНА ПАНЧЕ (ПАНТА) МИЖИМАКОВ, продуцент на  Среќна Нова, Џипси Меџик, Најдолгиот пат, Исправи се Делфина...

Друштвото на филмски работници на Македонија изразува длабоко жалење по повод смртта на нашиот драг и почитуван колега, истакнатиот македонски продуцент Панче (Панта) Мижимаков.

Во својата обемна професионална биографија вбројува големи успеси на македонската кинематографија.

Студирал на  Академијата за театар, филм, радио и ТВ во Белград. Често работел на копродукциите и странските продукции кои се реализираат во Македонија и Југославија. Во ‘Вардар филм’ соработува на поголем број играни, документарни и кратки филмови. Од 1991 е еден од основачите и директор на приватната продукциска куќа ‘Пегаз’, со којашто има реализирано неколку филмски проекти.

Бил продуцент и менаџер на продукција на филмовите: „Среќна Нова“, „Преку Езерото“, „Џипси Меџик“, „Миротворец“, „Татко (Колнати сме Ирина)“, „Најдолгиот пат“, „Исправи се Делфина“, „Црвениот коњ“, „Тајната книга“ и многу други значајни филмски остварувања. 

„Филмот ни даде повеќе нам, отколку ние него. Ни даде сѐ. Работејќи и патувајќи низ светот, запознавме луѓе за кои не сме можеле ни да замислиме. Кога би бирал пак во животов, пак би работел во филмот“ – ПАНЧЕ (ПАНТА) МИЖИМАКОВ.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk