"Разговарав со Илон и по прекрасниот роденден на Аркадија, решивме дека е најдобро веднаш да објавиме дека добивме прекрасен син Селдон Ликургус. Тој е голем и има златно срце. Многу го сакаме", напиша таа.


Директорот на X на овој нејзин твит одговори со емотикон во облик на срце.
Таа во споменатата објава го откри и името на нивното трето дете - Аркадија.
Која е родена во 2024 година.
Маск и Шивон се родители на и на близнаците Страјдер и Азур, кои се родени во 2021 година, пренесува Кликс.
Маск имаше шест деца со својата прва сопруга Џастин Вилсон - Невада, која почина кратко по раѓањето, потоа близнаците Грифин и Вивијан и синовите Каи, Саксон и Демијан.
Со пејачката, Грајмс ги има синовите X Æ A-Xii, попознати како X, Techna Mechanicus и ќерката Exu Dark Sideræl, чиј прекар е Y. Инфлуенсерката Ashley St. Клер неодамна објави дека со Маск имаат син.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата