logo
logo
logo

Илон Маск би можел да биде првиот БИЛИЈАРДЕР во светот!

Vecer | 11.09.2024

Илон Маск би можел да биде првиот БИЛИЈАРДЕР во светот!

Ако продолжи со ова темпо, парите на Илон Маск веќе би можеле да се мерат во трилиони за три години.

Илон Маск би можел да биде првиот билијардер во светот, а новиот извештај за светското богатство покажува дека тој би можел да ја постигне таа цел до 2027 година. Маск (53) моментално е најбогатиот човек на светот, „тежок“ е 251 милијарда долари. Според податоците на „Informa Connect Academy“, неговото богатство се зголемува годишно со просечна стапка од 110 проценти. Ако вака продолжи, неговите пари веќе би можеле да се мерат во трилиони за три години.

Се проценува дека неговата компанија за производство на автомобили „Тесла“ на пазарот вреди околу 669,3 милијарди долари. Покрај тоа, американските компании Apple и Microsoft веќе ја надминаа вредноста од трилион долари во 2018 и 2019 година.

Индискиот бизнисмен Гаутам Адани исто така би можел да стане билијард во блиска иднина.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk