logo
logo
logo

Гризли нападна ловец и за малку му ја откина раката- го убиле со 24 куршуми (ВИДЕО)

Vecer | 11.09.2024

Гризли нападна ловец и за малку му ја откина раката- го убиле со 24 куршуми (ВИДЕО)

Разбеснетиот ѕвер го фрлал човекот како играчка, а кој знае што ќе се случело доколку неговиот пријател Брекстон Мајерс не пукал со пиштол.

 „Почувствував заби кои ми ги прободеа кожата и коските. Ме креваше во воздух и ме фрлаше на земја. Беше страшно“, изјави Хил подоцна.

Мајерс бил преплашен, но доволно присебен да го повлече оружјето и да испука неколку куршуми во гризли тежок 230 килограми, пренесува Дејли Мејл.

И Хил некако се фатил за пиштол и го застрелал животното во глава. Сè на сè, гризлито било изрешетано со 24 куршуми.

Кога конечно паднал мртов, ловџиите се вратиле во своето возило и чекале помош. Хил со хеликоптер бил префрлен во регионален медицински центар, каде што „заработил“ 40 конци.

Тој е пуштен на домашно лекување, а лекарите веруваат дека ќе закрепнува во следните два месеци.

Американските медиуми ги објавија деталите за драматичната приказна. Хил рече дека куршумите испукани од Маерс ја промашиле неговата глава за инч.

„Гризли ме погледна право во очи. Успеав да го фатам оружјето и да му испукам неколку куршуми во лицето и главата“, додаде тој.

Откако мечката паднала, Маерс ги преврзал раните на својот пријател и му помогнал да се качат во возилото.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk