logo
logo
logo

Го прекорил 10- годишниот син за домашното- набргу на врата му тропнала кинеска полиција

Vecer | 27.01.2025

Го прекорил 10- годишниот син за домашното- набргу на врата му тропнала кинеска полиција

Неименуван татко го искарал својот 10-годишен син затоа што не си ја завршил домашната задача, не сфаќајќи што ќе се случи понатаму.

Имено, малото момче излегло од куќата, отишло во блиската продавница и побарало телефон - за да повика полиција.

Ученикот од 5-то одделение се јавил во полиција и рекол дека има докази дека неговиот татко поседува „незаконски супстанции“. Потоа ги дочекал и ги однел во својата куќа.

Човекот останал запрепастен кога му тропнале на вратата и побарале да ја прегледаат терасата. Полицајците пронашле осум исушени мешунки од афион.

Сопственикот на куќата рече дека ги купил за медицински цели.

Според локалните закони, тоа е забрането растение, а човекот изразил жалење за сѐ. Без разлика, тој е приведен и предаден на специјализирана служба, пренесува Oddity Central.

Локалните власти го искористиле овој случај за да ја потсетат јавноста дека е нелегално да се одгледуваат или поседуваат мешунки од афион (бидејќи тие се поврзани со производство на опиум) без посебна дозвола, и дека прекршителите ќе бидат строго казнети.

Ако се прашувате што се случи со 10-годишното момче, кинеските медиуми не даваат одговор.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk