logo
logo
logo

Германија: Со куче-робот против вандалите (Видео)

Vecer | 21.01.2025

Германија: Со куче-робот против вандалите (Видео)

 Германските компании за одржување на патиштата, државната „Дојче бан“ (ДБ) и „Муних С-бан“ во Минхен користат роботско куче од американски „Бостон динамикс“, наречено Спот, коешто треба да помогне во борбата против вандализмот во возовите.

Роботот, опремен со вештачка интелигенција, ќе им помага на безбедносните тимови на ДБ со патролирање во областите каде што возовите мируваат во ноќните часови. Иницијативата е дел од новиот пилот-проект, а целта е да се дојде „до помалку незаконски графити“, меѓу другото. Тест-фазата ќе трае четири недели, за да се процени делотворноста на роботот околу подобрување на безбедноста на возовите и железниците.

Кучето-робот Спот ќе има задача да ги открива и делува против вандалите со помош на ВИ. Кога ќе открие сомнително лице или делување, тоа ја известува безбедноста на „ДБ“. Членовите на осигурувањето го потврдуваат случајот преку пренос во живо и ги преземаат неопходните мерки.

Ова не е прва задача на кучето-робот за „ДБ“. Во септември 2023 година, почна тест-фаза и во Мајнц-Бишофсхајм, каде што роботот откри проблеми кај движечкиот механизам. Разновидноста и напредните способности на новиот робот го прават ветувачка алатка за различни потфати во железничкиот сообраќај.

Околу 13.000 квадратни метри површина на возот секоја година се вандализирани со недозволени графити, што е проблем за „С-бан“. Отстранувањето на графитите чини понекогаш милион евра оти возовите мора да се исчистат пред да може повторно да се користат.  /МИА

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk