logo
logo
logo

Германец го пронашол лото тикетот по цели шест месеци од освојување на премијата од 15 милиони евра

Vecer | 30.09.2025

Германец го пронашол лото тикетот по цели шест месеци од освојување на премијата од 15 милиони евра

Германецот не знаел за својата добивка цела пролет и лето, и покрај кампањата за пронаоѓање на добитникот, со постери кои го поканувале добитникот да се јави, објавува Гардијан.

Добитникот рекол дека дури и слушнал за кампањата за пронаоѓање на среќниот добитник, но немал поим дека можеби е тој.

„Слушнав за тоа на радио во тоа време и си помислив - колку глупав можеш да бидеш што не ги земаш? Никогаш не ми паднало на памет дека јас би можел да бидам лицето што го бараат“, рекол човекот.

Тој го открил добитниот лото тикет кога времето во Германија заладило, и кога ја извадил јакна што не ја носел од март, само за да го најде тикетот во неговиот џеб.

„Кога ги проверив броевите на мојот телефон и ја видов добитната сума, бев целосно шокиран, за среќа седев, инаку колената ќе ми попуштаа“, рекол добитникот на лотарија.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk