logo
logo
logo

Фото: Реконструирано лицето на најмоќниот египетски фараон Рамзес Втори

Vecer | 22.01.2023

Фото: Реконструирано лицето на најмоќниот египетски фараон Рамзес Втори

Лицето на најмоќниот фараон во древниот Египет, Рамзес II, може да се види за прв пат по 3.200 години благодарение на новата научна реконструкција.

Фараонот Рамзес Втори остана запаметен во историјата како еден од најдолговечните, со оглед на тоа дека владеел 66 години, поради што повеќето негови поданици стравувале дека по неговата смрт сите ќе исчезнат, пишува Дејли мејл.

„На моите имагинации за изгледот на Рамзес II многу влијаеше изгледот на неговата мумија. Сепак, реконструкцијата ни помогна да создадеме вистинско лице, и тоа многу убаво ако ме прашате мене“, вели Сахар Салим од Универзитетот во Каиро, која создаде 3Д модел на неговиот череп.

Процесот на создавање на 3D модел на череп не беше доволен, бидејќи крајната цел беше да се реконструира неговиот лик во моментот кога тој бил на врвот на својата моќ.

Експертите од Универзитетот во Ливерпул, предводени од Керолин Вилкинсон, решиле да се вратат во времето и да го внесат моделот во базата на податоци, по што создале слоеви на неговото лице и добиле слика на маж во доцните четириесетти години. Проектите како овие нудат можност за поврзување со историски личности и истражување на нивното наследство. Посебно интересен факт за оваа реконструкција на лицето е тоа што таа го претставува првиот научен напор за „оживување“ на познатиот владетел, бидејќи сите претходни беа базирани на изгледот на мумијата.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk