logo
logo
logo

(ФОТО) НЕВЕРОЈАТНА ТРАНСФОРМАЦИЈА: Изабел за една година од 101 кг станала С*КС БОМБА

Vecer | 19.03.2021

(ФОТО) НЕВЕРОЈАТНА ТРАНСФОРМАЦИЈА: Изабел за една година од 101 кг станала С*КС БОМБА

Изабел и нејзината мајка изгубија сè во поплава. Затоа, веднаш штом завршила средно училиште, се вработила за да може да го издржува семејството.

Таа незадоволството го компензирала со храна, особено брза храна и била во врска во која нејзиниот партнер ја поддржувал во тоа. Потоа во еден момент застанала на вагата и видела дека има 101. килограм.

Изабел Одет има 23. години и опсесивно јадела нездрава храна уште од детството,поради што била дебела.

На летниот одмор во 2016. година, Изабел се чувствувала ужасно за тоа како изгледа и се чувствува. Тогаш решила драстично да го смени начинот на исхрана и да започне активно да вежба. После една година големи жртви, таа успеала да изгуби 50. килограми.

„Дебелеењето може да биде предизвикано од многу фактори. Јадев на нервна база и во врската се чувствував премногу опуштено и сето тоа доведе до големо зголемување на телесната тежина. Јадев сè каде и да одев “, вели Изабел.

Нејзините родители, открива таа, ја научиле да не обрнува внимание на тоа што другите зборуваат, но сепак се чувствувала ужасно.

„Не е лесно да изгубите тежина. Осумдесет проценти од денот завршуваат во кујната и 20. во теретана“, вели таа, објаснувајќи дека во процесот на трансформација јадела овошје, зеленчук, бело месо и житарки . Почна секој ден да плива по 25. до 30. минути и многу брзо ги видела резултати.

„Сега гледам сосема поинаква себе во огледалото, облеката совршено се вклопува и имам повеќе енергија, самодоверба. Здравата исхрана повеќе не е прашање на избор, туку начин на живот“, објаснила таа.

На крајот, Изабел дава неколку совети за оние кои се борат со дебелината.

„Наместо да земате сок или газирани пијалоци, пијте вода. Кога копнеете по слатки, јадете јаболко или портокал. Мислам дека е многу важно да најдете рамнотежа и да го слушате вашето тело“, заклучува таа.

Извор: Екран.мк

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk