logo
logo
logo

Фото: Кејт со круната на принцезата Дајана

Vecer | 21.03.2026

Фото: Кејт со круната на принцезата Дајана

На банкетот и се придружија и кралот Чарлс III и други членови на кралското семејство, кои беа домаќини на нигериска делегација.

Принцезата за банкетот во салата „Сент Џорџ“ избрала долг смарагден фустан со висока јака од дизајнерот Ендру Гн, чија нијанса на зелена боја се совпаѓа со бојата на нигериското знаме. Изгледот го надополни со тиара „Љубовен јазол“, омилено парче на покојната принцеза Дајана Спенсер мајката на нејзиниот сопруг, Принцот Вилијам.

Кејт целиот изглед го заокружила со обетки што ѝ припаѓале на кралицата Елизабета II.

На настанот пристигна во придружба на нејзииот сопруг, принцот Вилијам и принцот Едвард.

Порано во текот на денот, за време на официјалниот прием во нивниот хотел во Виндзор, Кејт се одлучи и за дипломатски стил на облекување. Носеше сив фустан-палто од британско-нигериската дизајнерка Толу Кокер, на чија ревија на Лондонската недела на модата присуствуваше самиот крал. Комбинацијата ја надополни со шапка од Џејн Тејлор и обетки што ѝ припаѓаа на принцезата Дајана.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk