logo
logo
logo

Физички продавници на кинески „Шејн“ во Франција

Vecer | 02.10.2025

Физички продавници на кинески „Шејн“ во Франција

 По неа, ќе следат уште пет продавници во трговски центри во Дижон, Рејмс, Гренобл, Анже и Лимож, се вели во соопштението на компанијата.

Отворањето е овозможено преку партнерство со малопродажната група „Сосиете де грандс магазинс“ ('Société des Grands Magasins' - SGM), којашто е сопственик на „БХВ Маре“ (BHV Marais) во француската престолнина и неколку продавници на „Галери лафајет“ (Galeries Lafayette) во другите градови. Компанијата ќе создаде 200 директни и индиректни работни места во Франција. 

„Ова партнерство е повеќе од лансирање - тоа е посветеност на ревитализација на центрите на француските градови, реставрација на стоковните куќи и создавање можности за француска мода, соопшти „Шејн“.

Основана во Кина и со седиште во Сингапур, „Шејн“ ја изгради својата империја врз ултраевтина облека, огромен асортиман на производи и агресивен маркетинг. И покрај успехот, брендот е предмет на сè почести критики поради еколошкиот печат од масовното производство, условите за работа и обвинувањата за нелојална конкуренција. Европските брендови го обвинија за заобиколување на ЕУ-стандардите и искористување на даночните олеснувања за пратки со ниска вредност. Синџирот има 16.000 вработени низ целиот свет и пријавен приход од 23 милијарди долари во 2022 година.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk