Во пресрет на 21 февруари – Меѓународниот ден на мајчиниот јазик, Министерството за односи меѓу заедниците, Управата за развој и унапредување на образованието на јазиците на припадниците на заедниците и Управата за афирмирање и унапредување на културата на припадниците на заедниците, објавува повик за доставување творби (поезија-проза) напишани на мајчинoт јазик нa ученикот.
Право на учество имаат учениците од шесто до деветто одделение. Творбите треба да бидат напишани на мајчиниот јазик на ученикот, независно дали тој е застапен во редовната настава во училиштето.
Темите на творбите треба да бидат по слободен избор на ученикот, но не смеат да имаaт дискриминаторски елементи кон припадниците на другите заедници, нивниот јазик, вероисповедтa (творбитe со вакви елементи нема да бидат земени предвид).
Творбите треба да бидат доставени во плико, со ознака – Повик за творби на мајчиниот јазик, до архивата на Министерството за односи меѓу заедниците најдоцна до 14.2.2025 г. или на е-пошта ismail.demirovic@moz.gov.mk и треба да не се објавувани досега.
Во пликото треба да се наведе име и презиме на ученикот, име и презиме на наставникот, неговиот телефонски број, како и име на училиштето и општината.
Најдобрите творби напишани на мајчин јазик, (македонски, албански, турски, ромски, српски, босански, влашки и/или други јазици) ќе бидат наградени од страна на Министерството за односи меѓу заедниците.
Ги очекуваме вашите творби!
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата