logo
logo
logo

КОГА СЛЕПО ВЕРУВАШ НА ТЕХНИКА ЕВЕ КАДЕ ЗАВРШУВАШ... За среќа, овој пат без последици

Vecer | 15.01.2026

КОГА СЛЕПО ВЕРУВАШ НА ТЕХНИКА ЕВЕ КАДЕ ЗАВРШУВАШ... За среќа, овој пат без последици

Пред да бидат спасени, туристите дури и се фотографирале покрај нивниот изнајмен Мерцедес, кој привремено станал атракција на скијачката патека.

Невообичаена интервенција е забележана во градот Бордес д'Енвалира во Андора, каде што службите за итни случаи добиле неколку повици за автомобил кој излетал од патот и се заглавил на средина од скијачката патека.

На лице место е утврдено дека тројца млади туристи од Тајван буквално ги следеле упатствата за GPS навигација - толку буквално што завршиле во самиот скијачки центар, во близина на дадената дестинација.

Жената што го управувала возилото не застанала сè додека автомобилот не се заглавил целосно во длабокиот снег. Извлекувањето на возилото било исклучително тешка задача и траело повеќе од три часа, со употреба на три метални кранови.

За среќа, никој не е повреден во овој необичен инцидент.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk