logo
logo
logo

СРПСКА РАБОТА: Со денови не зборувал со сопругата, па таа му оставила ЈАКА порака

Vecer | 26.05.2025

СРПСКА РАБОТА: Со денови не зборувал со сопругата, па таа му оставила ЈАКА порака

Расправиите во бракот не се невообичаени, но понекогаш начинот на кој се справуваме со нив може да стане вистински хит на интернет. Токму ова му се случи на еден брачен пар од Србија кои не разговарале еден со друг со денови по жестока расправија.

Молчењето, напнатоста и игнорирањето станале секојдневие, сè додека сопругата не одлучила да ги земе работите во свои раце - и тоа на начин на кој никој не очекувал.

Имено, наместо да започне класичен разговор или да се обиде да го „омекне“ сопругот со гест на помирување, таа одлучила да му остави порака.

„Драги! Не си ми зборуваш со денови затоа што си лут! Сепак, редовно ја јадеш мојата храна. Затоа денес ручек имаш во „Готвачот“ на страница 154 и вечера на страница 317“, му напишала таа.

Фотографијата од пораката објавена на Фејсбук страницата „Војување“ се појавила пред неколку години, но исто како и тогаш, се најде во фокусот на јавноста и стана вирална.

„Добар рецепт за многу работи“

Во коментарите под фотографијата, многумина ја нарекоа жената „генијалка“ и истакнаа како таа покажала духовитост и решителност во исто време.

„Паметна жена, добро му напишала“, „Легенда, браво, секоја чест за ова што му го напишала“, „Ете, па пак карај се“, „Не може да се лути кога е гладен“, „Добар рецепт за многу работи“, се само дел од коментарите.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk