logo
logo
logo

СЕ ЗАПАЛИ КУМАТА! И тоа вистински додека го крштевала кумчето во црква (Видео)

Vecer | 09.06.2025

СЕ ЗАПАЛИ КУМАТА! И тоа вистински додека го крштевала кумчето во црква (Видео)

Видеото од несреќата, кое е снимено додека девојката го држела своето кумче пред олтарот, веќе има над 1,6 милиони прегледи, а сè се случило со песната „Káps'te ta óla“ („Запалете сè“) која подоцна е додадена во монтажата на видеото.

Како што и самата напишала во коментарите, косата што се запалила била нејзината природна коса, без екстензии, и ја оставила да расте повеќе од една година.

Кумата не останала должна: „Не разбрав што мислите, што сум немала, па не сум испочитувала? Затоа што фустанот имаше еден шлиц од страна? Видовме и што прават оние други што се преправаат дека се богобојазливи, а ги направиле сите можни гревови“.

Видеото предизвика лавина од коментари, од поддршка и шеги, до критики и осуди, но едно е сигурно - ова крштевање нема да го заборави никој од присутните!

„Секогаш се плашев од Велигден, и на крајот тоа ми се случи на крштевање“, се пошегува таа, обидувајќи се да ги смири своите загрижени придружници.

Иако сцената изгледа драматична, младата жена истакнува дека и таа и бебето не се повредени.

„Бидејќи не добив никакви изгореници, а детето не беше повредено, сè е во ред“, рекла таа, додавајќи: „Се испаничив, за среќа, не направи многу штета и косата може да се спаси. Имав среќа.“

Сепак, инцидентот предизвика и несоодветни коментари. Еден корисник напиша: „Како одиш така во црква, нормално е тоа што ти се случи, малку почит во куќата Христова, девојче, не одиш во клуб на пијачка.“

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk