Кога купуваат телефон, многумина најмногу обрнуваат внимание на камерата, но честопати се измамени од маркетиншки трикови и заблуди за квалитетот на фотографијата. Затоа, имајте ги предвид петте најчести заблуди за мобилните камери за да направите попаметен избор при купувањето.
Колку повеќе објективи, толку подобро
Повеќе камери можат да понудат дополнителни опции при снимање, но кај поевтините телефони често е трик, додавањето макро или „длабински“ објективи кои всушност не придонесуваат за квалитетот на сликата. Многу е повредно да имате и еден или два врвни објективи на телефонот со висок квалитет и добар софтвер за обработка на слики отколку три за да ве убедат дека повеќе - е подобро.
Колку повеќе мегапиксели, толку е подобра сликата
Голем број мегапиксели влијае на големината на фотографијата, но не гарантира квалитет. Вистинската разлика е големината на сензорот и алгоритмот за обработка на слики. На пример, телефоните на Google Pixel со помалку мегапиксели честопати прават подобри фотографии благодарение на паметните софтверски решенија и поголемиоет сензор на камерите на телефони
Колку е поголем зумот, толку е помоќна камерата

Многу телефони се фалат со голем зум, но тоа е дигитален зум кој всушност зголемува само дел од фотографијата, што доведува до губење на квалитетот, на острината и деталите. Ако зумот ви е важен, побарајте телефон со перископски оптички зум, кој го одржува квалитетот на сликата при зумирање.
Телефоните со камера од познати брендови прават подобри фотографии

Соработката со познати брендови во областа на фотографијата како што се: Leica, Hasselblad или Zeiss не секогаш значи подобар квалитет на фотографијата. Некои производители ги користат овие брендови само за стилизирање на боите и навлекување неоснована доверба со употреба на познат бренд за објективи но на фото камери, додека други навистина имплементираат напредни оптички решенија без да се фалат со туѓ бренд кој нема искуство и влијание за камери на мобилни телефони
Само рачните поставки даваат добри фотографии
Современите паметни телефони користат напредни алгоритми и вештачка интелигенција за автоматско оптимизирање на фотографиите. Автоматскиот режим на работа е сосема доволен за повеќето корисници, а рачните поставки се корисни само за напредни ентузијасти и професионалци.
Поради сето погоре наведено, не дозволувајте бројките и брендовите да ве заведат, бидејќи клучот за квалитетна мобилна фотографија лежи во квалитетот на главниот сензор, софтверот и паметната обработка на слики, а не во бројот на објективи или мегапиксели, советува Android Police.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата