logo
logo
logo

Евакуирани 900 лица по ерупцијата на вулканот Фуего во Гватемала

Vecer | 10.03.2025

Евакуирани 900 лица по ерупцијата на вулканот Фуего во Гватемала

Лоциран на околу 35 километри југозападно од главниот град на Гватемала, вулканот се активираше, исфрлајќи лава, пепел и карпеста маса.

„Како мерка на претпазливост, започна евакуацијата на околу 125 семејства или околу 900 лица“, соопшти националната служба за управување со катастрофи.

Општинската зграда во градот Алотенанго ќе служи како привремено засолниште за евакуираните.

Властите прогласија состојба на готовност за да одржуваат „постојан контакт со градоначалниците и гувернерите“ на областите во близина на вулканот и „координираат превентивни акции“ во случај на ерупција, соопшти службата.

Владата, исто така, ја прекина наставата во училиштата во областа околу вулканот и го затвори патот што го поврзува југот на земјата со поранешната колонијална престолнина Антигва - главната туристичка дестинација на Гватемала и дел од светското наследство на УНЕСКО од 1979 година. 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk