logo
logo
logo

ЕУ нема да ги исполни целите за намалување на загадувањето до 2030 година

Vecer | 03.03.2025

ЕУ нема да ги исполни целите за намалување на загадувањето до 2030 година

И покрај напредокот во намалувањето на загадувањето на воздухот, употребата на пестициди и пластичниот отпад во морето, „потребни се многу поинтензивни мерки“ за постигнување на целите за намалување на бучавата, ослободувањето на микропластика, загадувањето со нутриенти и создавањето отпад, се наведува во извештајот.

- Европските граѓани сакаат чист воздух, вода и почва, како и безбедни хемикалии за да ја заштитат својата средина и здравјето, изјави комесарката за животна средина на ЕУ, Јесика Росвал.

- Само со навремена и амбициозна имплементација на нашите политики можеме да создадеме подобра животна средина за сите, додаде таа.

Според целите на ЕУ, бројот на луѓе хронично изложени на бучава од сообраќај треба да се намали за 30 отсто до 2030 година, но од 2017 година досега е постигнато само 2 проценти намалување.

Количината на неселектиран комунален отпад треба да се преполови, но од 2018 година намалена е за само 1,5 отсто.

Ослободувањето на микропластика во животната средина, наместо да се намали за 30 отсто, се зголемило за 7 до 9 отсто од 2016 година.

Извршната директорка на ЕЕА, Лена Ила-Монен, предупреди дека намалувањето на потрошувачката и промоцијата на кружна економија се клучни за постигнување на поставените цели. 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk