logo
logo
logo

„Доктор сум и не сум се капел 5 години“: Момче го ШОКИРАШЕ светот со своето признание за хигиената

Vecer | 06.04.2025

„Доктор сум и не сум се капел 5 години“: Момче го ШОКИРАШЕ светот со своето признание за хигиената

Американскиот научник и доктор Џејмс Хамблин во 2015 година одлучил да не се капе во следните пет години од необична причина. Во тој период не користел ниту сапун ниту дезодоранс, а неговото истражување станало предмет на многу разговори. Како професор на Факултетот за јавно здравје на Универзитетот Јеил и специјалист по превентивна медицина, тој сакал да го спроведе експериментот што го опишал во книгата „Чистота: Новата наука за кожата“.

Д-р Хамблин објасни дека дошол до заклучок оти премногу внимаваме на личната хигиена, што може да има штетни последици. Тој верува дека прекумерното чистење на кожата е проблематично бидејќи отстранува трилиони микроби кои всушност не штитат од патогени бактерии.

„Ние прекумерно ги чистиме нашите тела и со тоа ги отстрануваме корисните микроорганизми“, рекол тој.

Како дел од неговиот експеримент, кој започнал кога се преселил од Калифорнија во Бруклин, Хамблин открил дека постепено ја намалувал употребата на средства за хигиена и забележал дека неговата кожа станала помалку мрсна, а проблемите со егземата се намалуваат.

„На крајот сфатив дека ми требаат се помалку производи“, додал докторот.

Едно од најчесто поставуваните прашања беше „Имавте непријатен мирис?“ Д-р Хамблин одговорил дека немал мирис кој претходно бил присутен, како што е мирисот на кромидот што се појавувал под пазувите.

„Не мирисав на бор или лаванда, но го немав ниту тој лош мирис. Мојата девојка дури рече дека „мирисав на личност““, објаснил тој.

Д-р Хамблин истакнал дека историјата покажува дека луѓето немале пристап до проточна вода до последните 100 години, што значи дека нашите предци живееле без претерана грижа за хигиената. Тој оваа културна навика ја смета за „модерен изум“ и додава дека иако многумина сметаат дека секојдневното чистење е неопходно, рацете и забите се единствените работи што дефинитивно не треба да престанеме да ги миеме.

На крајот, неговиот експеримент сугерира дека умереноста во хигиената може да биде покорисна отколку што претходно мислевме, а нашето тело и микробиомот можеби нема да бараат толку грижа за „чистотата“ како што сме научени да практикуваме.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk