Еден од најбогатите луѓе во светот, Бил Гејтс, го прекина молкот откако во најновиот пакет објавени документи се појавија обвиненија во врска со осудениот сексуален престапник и педофил Џефри Епстајн.
„Секогаш фокусот беше на тоа дека тој познава многу многу богати луѓе и дека тврди дека може да ги убеди да донираат пари за глобално здравје“, изјави Гејтс во интервју за Nine News во среда.
Гејтс го даде својето „единствено телевизиско интервју во Австралија“ за Nine за време на неговиот престој по повод Австралијан Опен.
Милијардерот продолжи:
„Знаете, гледано наназад, тоа беше ќор-сокак и бев глупав што поминував време со него. Бев еден од многуте луѓе кои се каат што некогаш го познавале. Наводно, Џефри напишал е-пошта сам на себе. Таа е-пошта никогаш не била испратена. Таа е-пошта, знаете, е неточна. Не знам што му беше во главата тогаш. Секоја минута што ја поминав со него – за тоа се каам и се извинувам што го направив тоа“, изјави Гејтс.
Тој додаде дека присуствувал „само на вечери“, но никогаш не отишол на островот и дека наводно никогаш не запознал ниту една жена.
„И, знаете, колку повеќе информации излегуваат, толку ќе биде појасно дека, иако тоа време беше грешка, таа немаше никаква врска со таков вид на однесување“, истакна тој.
Најновиот сет документи содржи обвиненија против повеќе познати личности, вклучително и против Гејтс, кој се сретнувал со Епстајн неколку пати за да разговараат за проширување на неговите филантропски активности.
Заработил полово пренослива болест и тајно ја лекувал сопругата
Една е-пошта што Епстајн ја испратил сам на себе во 2013 година покажува негово разочарување по одлуката на Гејтс да го прекине нивниот контакт, а во неа наводно се тврди дека Гејтс добил полово пренослива болест и побарал совет од Епстајн како тајно да ѝ даде антибиотик на тогашната сопруга Мелинда.
„Да биде уште полошо, потоа ми се молиш да ги избришам е-поштите во врска со твојата полово пренослива болест, твојата молба да обезбедам антибиотик што би ѝ го дал тајно на Мелинда, како и опис на твојот пенис“, стои во таа е-пошта, која содржи бројни правописни грешки.
Мелинда, која се разведе од Бил Гејтс во 2021 година, изјавила дека тие што се споменуваат во документите, вклучително и нејзиниот поранешен сопруг, имаат што да објаснат.
За време на вторничната епизода на подкастот на NPR Wild Card, Мелинда рече дека чувствува длабоко сочувство кон жртвите на Епстајн и дека е среќна што е „далеку од сета таа нечистотија“.
„Мислам дека како општество поминуваме низ своеобразно соочување со вистината, зарем не? Ниту едно девојче, ниту една млада девојка никогаш не би требало да биде доведена во ситуација во која тие се нашле поради Епстајн и сè што се случувало со различни луѓе околу него“, рече таа.
Додаде: „Тоа е повеќе од кршење на срцето. Се сеќавам на тие години кога тие девојки биле на таа возраст, се сеќавам и кога моите ќерки биле на таа возраст. За мене тоа е лично многу тешко, бидејќи ме потсетуваат на многу, многу болни моменти во мојот брак.“
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата