logo
logo
logo

Братот на Никола Јокиќ ОСУДЕН НА ГОДИНА ДЕНА, А БОГАМИ ДЕТАЛНО ГО ПРЕТЕПАЛ НЕРВОЗНИОТ

Vecer | 11.10.2025

Братот на Никола Јокиќ ОСУДЕН НА ГОДИНА ДЕНА, А БОГАМИ ДЕТАЛНО ГО ПРЕТЕПАЛ НЕРВОЗНИОТ

Една од најголемите звезди во кочарката, и во моментов најголема звезда во американската Ен-Би-Еј лига Никола Јокиќ има двајца браќа кои живеат заедно во Америка, видно крупни и набилдани, и присуствуваат на сите негови натпревари а важат за нагласено агресивни кога некој ќе крене рака на нивниот брат Никола.

Постариот брат на Никола Јокиќ, Страхиња, е осуден на 12 месеци условна казна за нападот врз навивачот Николас Мајер, кој во тужбата тврдеше дека од ударот имал потрес на мозокот, исеченици и модринки. Нападот се случил која повредениот го навредувал кошаркарот Никола и покажувал намера да влезе во теренот но, Страхиња решил ситуацијата да ја реши со свои раце.

Американските медиуми во саботата наутро објавија дека братот на Никола Јокиќ, Страхиња, е осуден на една година условна казна за напад врз навивач за време на кошаркарскиот натпревар Денвер - ЛА Лејкерс одигран во април минатата година.

Спортиња веќе пишуваше за постапката во целиот случај, односно за тоа што рекол постариот брат на Никола за време на повеќемесечното судење, кое се влечеше поради одложувања.

Според медиумите, Страхиња е обвинет за насилно однесување од трет степен. Видеото на кое тој удира навивач брзо стана вирално на социјалните мрежи, а повредениот навивач, извесен Николас Мајер, тврди дека претрпел потрес на мозокот, исеченици и модринки.

„Нападот целосно ми го уништи чувството за безбедност и контрола. Почнав да се плашам да го напуштам домот, особено со моето семејство. Постојано се грижам за можна одмазда, не само од семејството Јокиќ, туку и од навивачите кои би можеле да ме препознаат“, наводно изјавил споменатиот Мајер пред судот, како што објави порталот „9News“.

Како изгледал тој напад можете да видите во видеото подолу.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk