logo
logo
logo

Двете најголеми цркви во Германија против плановите на Мерц за миграциската политика

Vecer | 29.01.2025

Двете најголеми цркви во Германија против плановите на Мерц за миграциската политика

Двете најголеми германски христијански цркви заеднички ги осудија плановите на опозицискиот лидер Фридрих Мерц да донесе предлози за миграциската политика во германскиот Парламент со помош на екстремно десничарската Алтернатива за Германија (АфД).

Пред гласањето закажано за денеска, водечките претставници на Католичката црква и Протестантската црква во Германија предупредија дека „германската демократија ќе претрпи огромна штета“ доколку се распадне таканаречениот „заштитен ѕид“ што ја спречува соработката со АфД.

Според нив, времето и тонот на дебатата за миграциската политика - што беше засилена со нападот со нож минатата недела, припишан на авганистански државјанин - се длабоко вознемирувачки.

Спорот е „клеветење на сите мигранти кои живеат во Германија“ и „поттикнува предрасуди“, тврдат тие во заедничката изјава. „Според нас, тоа не придонесува за решавање на прашањата што реално постојат“.

Предложените мерки на Мерц, кои вклучуваат одвраќање на барателите на азил на границите на Германија и одземање на германското државјанство од лица со двојно државјанство, осудени за сериозно кривично дело, „не се погодни за спречување слични прекршоци и обезбедување одржливи одговори на потребите за јавна безбедност“, се вели во соопштението.

„Едностраната акција ќе ги уништи темелите на Европската унија на долг рок“, предупредуваат тие. 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk