logo
logo
logo

Два акварела, за кои се смета дека ги насликал Хитлер, се продадени на аукција во Британија

Vecer | 23.01.2026

Два акварела, за кои се смета дека ги насликал Хитлер, се продадени на аукција во Британија

Сликите, создадени во 1909 и 1910 година, биле насликани во Виена за време на младоста на Хитлер, а аукциската куќа „Хачинсон Скот“ не ги рекламирала, објавува „Ле Фигаро“.

Адолф Хитлер студирал уметност во Виена пред да се сврти кон политиката на почетокот на 1920-тите, објави весникот.

Експертите предупредуваат дека делата на Хитлер тешко се идентификуваат поради недостаток на прецизен каталог и просечниот квалитет на делата.

Во 2009 година, два акварели што му се припишуваат на Хитлер беа продадени на аукција во Баварија за 32.000 евра.

Шест години подоцна, кинески купувач платил повеќе од 100.000 евра за акварел што го прикажува замокот Нојшванштајн.

Идејата за дистрибуирање на делата на Хитлер и заработка од нив покренува морални прашања, објави францускиот весник.

Во Париз, во 2014 година, колекција од лични предмети на Хитлер и неговата десна рака Херман Геринг конечно беше повлечена од аукција.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk