logo
logo
logo

Државната нафтена компанија на Бахреин прогласи виша сила и ги запре испораките на нафта

Vecer | 09.03.2026

Државната нафтена компанија на Бахреин прогласи виша сила и ги запре испораките на нафта

Најавата за вишата сила, правен механизам што ја ослободува компанијата од договорни обврски поради вонредни околности, ја пренесеоа медиумите во Бахреин.

Во соопштението се вели дека работењето на компанијата е „засегнато од тековниот регионален конфликт на Блискиот Исток и неодамнешниот напад врз нејзиниот рафинериски комплекс“.

И покрај ова, компанијата инсистира дека домашната побарувачка сè уште може да се задоволи.

Бахреин, исто така, го обвини Иран за оштетување на една од неговите постројки за десалинизација, иако државната Управа за електрична енергија и вода соопшти дека снабдувањето со вода и електрична енергија останува стабилно.

Постројките за десалинизација обезбедуваат вода за милиони жители во регионот и илјадници патници заглавени од војната, предизвикувајќи нови стравувања од катастрофални последици во пустинските држави.

Бахреинските власти претходно соопштија дека најмалку 32 лица се повредени, од кои четворица потешко, во ирански напад со беспилотни летала врз градот Ситра, на околу шест километри од индустриската зона.

Војната досега одзеде најмалку 1.230 животи во Иран, најмалку 397 во Либан и најмалку 11 во Израел, соопштија официјални лица. Израел вчера ги објави првите смртни случаи на свои војници, велејќи дека двајца се убиени во јужен Либан, каде што неговата армија се бори против Хезболах. 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk