logo
logo
logo

Државен службеник со години не доаѓал на работа, а земал плата- шпанските власти немале поим

Vecer | 19.03.2025

Државен службеник со години не доаѓал на работа, а земал плата- шпанските власти немале поим

Бизарниот случај се најде во центарот на вниманието на јавноста во 2016 година, но повторно се појави во медиумите.

Урнебесен пресврт

Гарсија работел како надзорник во станица за третман на вода во Кадиз, Шпанија,  кога усвоил прилично неконвенционален пристап и едноставно престанал да доаѓа на работа.

Со години не се појавувал во канцеларија, но редовно ја земал платата, потсетува Обсервер.

И тогаш се случил урнебесен пресврт, кога Гарсија бил номиниран за награда за напорна работа и долг стаж.

Замислете го изненадувањето на неговите шефови кога го поканиле на церемонијата и сфатиле дека шест години не стапнал во компанијата!?

Недоразбирање меѓу два одделенија

Како никој не го забележал неговото отсуство?

Одговорот лежи во комбинација од лошо организиран бирократски надзор, сложеноста на структурата на неговото работно место и обична среќа.

Поконкретно, неговото отсуство било занемарено поради недоразбирање меѓу двата сектора, од кои секој претпоставувал дека другиот е одговорен за надзор на вработените и нивните должности.

Кога шефот на Хорхе Фернандез се сетил дека одамна не го видел Гарсија, целосно се збунил.

„Се прашував дали тој сè уште е таму, дали се пензионирал или починал? Но, тој сè уште добиваше плата“, рече тој.

Хоаким Гарсија признал дека не дошол на работа, но тврди дека бил „жртва на малтретирање“ и дека ја напуштил канцеларијата за да избегне конфронтации.

Признал дека во слободно време студирал филозофија и на тој начин го искористил непланираниот одмор.

Подоцна судот го казнил со парична казна (27.000 евра), што е максималната санкција што можеле да ја изречат. Гарсија оттогаш се пензионирал и покренал петиција против казната.

Овој случај ја подели јавноста. Некои се восхитуваа на неговата дрскост, додека други се забавуваа со апсурдноста на ситуацијата.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk