Леброн го носеше споменатиот дрес кога беше ѕвезда во подем во средното училиште Сент Винсент-Сент Мери во неговиот роден град Акрон, Охајо.
-Се смета за најважниот дрес на Леброн Џејмс на сите времиња, го проценуваме на еден до два милиони долари. Сепак, слични дресови и помалку важни дресови се продадени за два до три милиони долари, изјави Дарен Џулиен, ко-основач на „Џулиенс аукшн“.
Според многумина најдобриот играч на сите времиња, Леброн играше за Кливленд, Мајами и Лос Анџелес Лејкерс, со кој наскоро ќе ја започне својата 22-ра сезона во НБА.
Тој освои четири прстени и четири пати беше прогласен за најкорисен играч во лигата. /МИА
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата