Патникот бил совладан од членови на екипажот и други патници, а по слетувањето бил однесен во болница на медицински преглед, соопшти ФБИ.
Авионот 114 на ANA полета од аеродромот Ханеда во Јапонија кон меѓународниот аеродром „Џорџ Буш“ во Хјустон, но беше пренасочен поради, како што соопшти авиокомпанијата, „непослушен патник“.
Станува збор за Боинг 787-9 Дримлајнер кој бил во воздух приближно десет часа кога слетал на аеродромот Сиетл-Такома околу 4 часот наутро по локално време. „Полицијата на пристаништето во Сиетл беше повикана поради пријава дека еден патник се обидел да отвори излезна врата за време на летот“, изјави портпаролот Крис Гизло за Си-Ен-Ен.
Никој од другите патници и членови на екипажот не е повреден, додаде Гуизло. „Извештајот покажува дека пренасочувањето се случило поради инцидент со патник“, изјави портпарол на Федералната администрација за воздухопловство (FAA) за CNN.
По слетувањето во Сиетл, друг патник почнал да се однесува несоодветно, објави АНА. Според ФБИ, тој бил фрустриран поради пренасочувањето на летот и ја треснал вратата од тоалетот. „Лицето беше отстрането од авионот поради неприфатливо однесување пред летот да продолжи кон Хјустон“, рече Гизло. „Инцидентот не беше поврзан со претходниот, а патникот го напушти авионот без никакви проблеми.“
ФБИ додаде дека досега не се поднесени обвиненија во врска со инцидентот. Летот потоа продолжил кон Хјустон без никакви проблеми и слетал кратко пред 13:00 часот по локално време.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата