logo
logo
logo

Дома стигнал пакет адресиран на сопругот- жената го отворила и се шокирала (ВИДЕО)

Vecer | 27.03.2025

Дома стигнал пакет адресиран на сопругот- жената го отворила и се шокирала (ВИДЕО)

Сѐ започнало кога маж добил пакет од FedEx на домашна адреса, но Викторија ја отворила вратата и го земала, пишува Newsweek.

Што имаше внатре?

Сопругот бил „вознемирен“ бидејќи не ја добил пратката, но морал да го заврши телефонскиот повик и дури потоа да објасни што се случува.

За тоа време, Викторија неуспешно се обидувала да открие од каде е испратен пакетот. Кога Дејвид завршил со разговорот, пришол на својата избраничка и ѝ рекол: „Работиш напорно, па сакав да те изненадам“.

Веднаш ја отворила кутијата и внатре пронашла нови чевли Gucci Signoria Slingback!

Watch on TikTok

„Го имаш најдобриот сопруг“

Жената била во неверување иако знаела дека ваквите чевли се продаваат за околу 1.160 долари. Видеото завршува со бакнеж, кој воодушеви многу корисници на TikTok.

„Сам ги избра чевлите. Секоја чест!“ напиша една личност, додека друга додаде: „Ти го имаш најдобриот сопруг“.

„Никогаш не задоволувајте се со помалку“, рече Викторија на крајот од видеото, кое брзо собра повеќе од 900.000 прегледи и 783.000 лајкови.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk