Во срцето на индонезискиот остров Суматра, биологот Крис Торогуд од Универзитетот во Оксфорд доживеа момент што ќе го памети до крајот на животот.
Тој помина денови и ноќи пребарувајќи ја џунглата, полна со тигри, во потрага по исклучително ретко растение, и на крајот успеа да го пронајде и сè го сними на камера.
„Добро е, успеавме“
Ова е растение кое ги произведува најголемите цветови во светот (до еден метар во дијаметар), додека развојот на пупката трае дури девет месеци.
Откривањето на неверојатниот цвет, наречен Rafflesia hasseltii, го расплака локалниот водич Септијајн Андрики, објавува Дејли Меил.
„Добро е, успеавме! Го најдовме“, д-р Торогуд го утеши својот колега.
Му се заканува истребување
Rafflesia hasseltii произведува непријатен мирис што привлекува муви и бубачки - кои носат полен, осигурувајќи дека растението се размножува во густи тропски шуми.
Постојат неколку варијанти, но Rafflesia hasseltii се издвојува по својата необичност. Познат локално под името Cendawan Muca Rimau, што значи „тигрова глава“, расте само во оддалечен дел од џунглата на Западна Суматра, каде што влезот е можен со посебна дозвола.
Д-р Торогуд предводеше истражувачка експедиција за да го пронајде и проучи необичното растение, кое е загрозено од истребување. Се проценува дека 60% од сите видови Rafflesia се соочуваат со сериозен ризик од истребување, додека 67% од познатите живеалишта не се во заштитени подрачја.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата