logo
logo
logo

Даниел пред 24 години се откажал од цивилизацијата- живеел во пештера и јадел отпадоци

Vecer | 13.09.2024

Даниел пред 24 години се откажал од цивилизацијата- живеел во пештера и јадел отпадоци

Решил да го напушти „материјалниот живот“, па се населил во пештера и таму останал 15 години.

Неверојатната приказна на овој Американец и денес привлекува внимание, особено причината поради која, како што вели, „привремено се вратил во цивилизацијата“.

Даниел се решил на необичен и прилично храбар потег кога оставил сѐ што поседувал и „се населил“ во пештера во внатрешноста на Јута. Се хранел со дива вегетација и отпад од контејнерите, а добивал помош од непознати и пријатели.

Тој тврди дека никогаш не земал бонови за храна или владина помош додека живеел во дивина, пренесува LadBible.

Тој бил интервјуиран во 2012 година, кога зборувал за неговиот алтернативен начин на живот. Рекол дека „дивите животни не знаат што се пари“ и дека не коментира работи што „го понижуваат модерното општество“.

Меѓутоа, во тој период тој водел блог и веб-страница и признал дека ја користел јавната библиотека за да проверува е-пошта и да чита книги.

 „Првата мисла да живеам без пари ми дојде кога бев дете. Се запрашав зошто, ако сме следбеници на Исус, не ги практикувавме неговите учења, односно да се откажеме од имотот и да не работиме за награда (пари и размена)“, откри Даниел.

Татко му често го носел на кампување, па се заљубил во природата.

„Видов дека природата е совршено избалансирана без пари. Зошто и луѓето не можат? Размислував многу за тоа“, додаде тој.

Тој тврди дека студирал светска економија и политика, што дополнително го инспирирало да го напушти „материјалниот свет“.

„Сакав да се пронајдам себеси на автентичен начин. „Парите постојат само ако двајца или повеќе луѓе веруваат во нив“, верувал тој.

Меѓутоа, Данијел води сосема поинаков живот 24 години откако се откажа од сѐ. Тој објаснува дека неговата „слобода без куќа и пари“ е на пауза бидејќи се грижи за своите постари родители.

Неговиот татко починал во 2016 година, па се грижи за својата мајка.

„Со неколку исклучоци, јас не земам ниту користам пари за себе. Но, морав да извадам лична карта, да управувам со финансиите на мајка ми, да плаќам сметки и да купувам за неа. Немам возачка дозвола, иако неколку пати ми беше понудена“, рече тој.

Тој вели дека сè уште не се откажува од „животот без пари“ и дека ќе се врати во дивината штом ќе може.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk