logo
logo
logo

Дали знаете зошто се вели “КРОКОДИЛСКИ СОЛЗИ“? Еве какво значење има тој израз

Vecer | 22.02.2022

Дали знаете зошто се вели “КРОКОДИЛСКИ СОЛЗИ“? Еве какво значење има тој израз

Илјада пати сте слушнале за изразот “крокодилски сози“. Еве зошто во народот се вели лиеш “крокодилски солзи“

Тоа е фраза која значи лажно сожалување, лажно сочуство, крајно лицемерие. За човек кој се преправа дека е ожалостен поради нечија несреќа, а во суштина многу се радува на тоа, и јавно ја оплакува жртвата се вели дека лее крокодилски солзи.

Крокодилот е крволочен ѕвер, и навистина е чудно дека воопшто може да плаче, а не и некого да сожалува. Затоа на прв поглед, тешко е да се свати коко лажните солзи се поврзани со крокодилот.

Но, причина за тоа има. Крокодилите навистина понекогаш плачат, но не од тага и жалост, затоа што солзите и плувачката жлезда се во тесна врска, па кога ќе го изедат пленот, рефлексно солзат, пуштаат големи солзи.

Народи кои живеат во краеви каде има крокодили ја забележале таа појава, па почнале да варуваат дека дека крокодилите го оплакуваат својот плен. Од тука доаѓа изразот крокодилски солзи, со значење: “лажни солзи, “лажно сожалување“.

Покрај крокодилските солзи постои и израз крокодилско смеење, со значение „лажно, неискрено смеење“.

Лесно е да се објасни како настанал тој израз. Бидејќи крокодилските солзи се “лажни солзи“, придавката крокодилски добил значение – “лажен“, па така и лажното смеење станало – крокодилско смеење.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk