logo
logo
logo

Пет најпродавани книги за само 999 ден

Vecer | 17.12.2025

Пет најпродавани книги за само 999 ден

Ланецот на книжарници www.literatura.mk деновиве ја промовираше новогодишната акција „5 најпродавани книги во изминатите 5 години за само 999 ден”.

Се работи за петте последни книги од авторот на бестселери Зоран Спасов Sоф.

„Тито - мојот претпоследен херој”, издадена во 2020 година. Роман, историска фикција за Јосип Броз Тито, каде доживотниот претседател на Југославија му ги раскажува сите свои тајни на еден лекар од Скопје.

„Торонто Експрес”, издадена во 2021 година. Урнебесно хумористично четиво за сите кои планираат да „здимат” од оваа држава и за оние кои веќе имаат „здимено”. Книга по која е направена истоимената претстава што веќе четири години се игра во МНТ.

„Џабе живиш у Скопје”, издадена во 2022 година. Заебантски речник на стари, изумрени и подзаборавени скопски штосови, фрази, доскочици и фори.

„Цепај сине”, издадена во 2023 година. Зборник на афоризми, наменет исклучиво за луѓе со високо развиено духовито чувство за осет, како и одличен сенс за филинг.

„И јас сум Сирма”, издадена во 2024 година. Лектира, историска читанка и Оче наш на секој Македонец во која хероината Сирма Војвода патува низ времето и е сведок на многу настани од нашата историја. Роман што ќе ве натера да плачете и да се смеете на глас, но и да почувствувате болка, љубов и радост.

Оваа акција е и прекрасна можност да подарите вреден подарок по цена од „едно кафе = една книга”.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk