61-годишен маж од Хадсон на брегот на Мексиканскиот Залив на Флорида е обвинет за суровост кон животните откако ги убил, зготвил и изел своите два пауна.
Ги изел пауните по расправија со сосетка за која сакал да ја спречи да ги храни, соопшти канцеларијата на шерифот на округот Паско.
Тој бил уапсен минатата недела под обвинение за тешка суровост кон животни од трет степен, се вели во соопштението.
Според изјавата на мажот пред истражителите, ги убил двата пауна затоа што неговата сосетка продолжила да ги храни, иако ѝ напишал писмо во кое ѝ кажува дека ќе продолжи да ги убива своите домашни пауни ако таа продолжи да ги храни, „за да докаже нешто“.
Човекот „признал дека ги убил птиците така што им ги пресекол грлата „од злоба“ и „подоцна ги изел откако ги испржил во тава“.
Во соопштението од канцеларијата на шерифот се вели дека човекот за време на апсењето рекол дека ќе ги убие сите преостанати пауни што му се дома по ослободувањето од притвор за да спречи некој да ги земе.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата