Марта Нолан О'Слатара (33), сопственичка на модната марка East x East, неодамна го прослави лансирањето на својот шик бренд во луксузен хотел во Хемптонс.
Таа е пронајдена во несвест на брод закотвен во јахт клубот Монток околу полноќ. Човекот што ја нашол се обидел да ја оживее, но полицијата ја прогласила за мртва на местото на настанот.
Причината за смртта засега е непозната и е наредена обдукција, пишува Дејли Меил.
Сепак, жена на местото на настанот го опиша Рипл како брод за забава и рече дека слушнала врескање пред да биде пронајдено телото на Марта.
Нејзината мистериозна смрт се случи неколку недели откако таа се пофали со големото отворање на популарната продавница Монток Ресорт енд Спа Сивотер во Гурни.
„Целите се постигнати“, напиша таа во описот на видеото од колибата на кое се прикажани нејзините бикини и облека за плажа, кое го сподели на TikTok на 1 јули, поканувајќи ги луѓето да дојдат да ја посетат.
Многумина во богатата енклава сега се збунети бидејќи остануваат прашањата за тоа што можело да се случи со Марта, која живеела на Менхетен.
Пријателите ја опишаа како „добро позната во заедницата“.
„Беше многу пријатна, секогаш насмеана. За ова многу ќе се зборува“, рекоа нејзините познаници.
Друг посетител на јахт-клубот рече дека бродот каде што била пронајдена мртва бил во сопственост на момчето на Марта.
„Секогаш кога сум го видел, беше пијан и во хаос“, додаде тој.
Според него, наводно бил виден како трча гол надвор викајќи „тоа е мојата девојка“ додека се обидувал да повика помош од другите на бродот.
Полицијата продолжува со истрагата.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата