logo
logo
logo

Современите биолози потврдија: ОВА ДРВО Е ВОЛШЕБНО, А НЕГОВОТО МАСЛО Е ЛЕК НАД ЛЕКОВИТЕ

Vecer | 20.05.2025

Современите биолози потврдија: ОВА ДРВО Е ВОЛШЕБНО, А НЕГОВОТО МАСЛО Е ЛЕК НАД ЛЕКОВИТЕ

Кедарот (лат. Cedrus) е род на четинари од фамилијата Pinaceae. Кедарот е тесно поврзан со елата (Abies), со кои дели многу слична структура. Природното живеалиште на кедарот е подрачјето од западните Хималаи до источниот Медитеран, на надморска височина од 1500-3200 м на Хималаите или 1000-2200 м на Медитеранот. Кедарот е симбол на Либан и се наоѓа во центарот на неговото знаме.

Современите биолози ја потврдија старата мисла – кедарот има душа. Ова необично дрво има ист биолошки ритам како луѓето. Кедарот не ја покажува својата активност точно во одредени часови како другите дрвја, туку во зависност од надворешните околности. На пример, во лето кога е облачно, се „буди“ во 10 часот наутро, а кога е ведро, се „буди“ во зори; потоа тој „одмара“ во текот на денот од 15 до 16 часа. Навечер, кедарот е „активен“ до 23 часот, а потоа „спие“ во текот на ноќта. Во зима, неговиот животен циклус не е прекинат како кај другите дрвја, тој е „буден“, само „спие“ многу подолго.

Лековитите својства на кедарот се веќе споменати во Библијата и во најстариот познат медицински документ, Сумерската плочка (3000 п.н.е.). Според некои антички извори, либанскиот кедар бил особено ценет во изградбата на разни згради, а во третманот на многу болести го користеле Асирците, Вавилонците, Персијците и други народи. Од нив се правеле разни кутии, чинии и корпи, разни алатки и моливи, а тие биле и добар извор на гориво. Хималајскиот кедар, кој бил наречен дрво на боговите, го користеле хиндусите во религиозни церемонии, а свештениците го користеле за лекување на лепра. Сибирскиот кедар бил нарекуван сибирски џин, скапоцено или мајчино дрво од страна на луѓето во Сибир. Со оглед на тоа дека станува збор за многу лековито дрво, жителите на Сибир и северноевропските земји ги користеле иглите за подготовка на витамински пијалаци, смолата за лекување на рани, а семето за производство на масло.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk