logo
logo
logo

ДЕТОКС ДИЕТА за ПРОЧИСТУВАЊЕ на црниот дроб, желудникот и целиот организам

Vecer | 14.04.2026

ДЕТОКС ДИЕТА за ПРОЧИСТУВАЊЕ на црниот дроб, желудникот и целиот организам

Oваа диета на детоксикација се држи едноставно, а вклучува само намирници кои се од понудената листа, а кои имаат огромна моќ на прочистување на црниот дроб, желудникот и целиот организам. Генералното правило секогаш може да го примените и тука – во исхраната вклучете што повеќе зеленчук и овошје за да го освежиме организмот со витамини и минерали. Во продолжение, обрнете внимание на намирниците кои се дозволени и пожелни.

Јаболка – Содржи пектини и богата е со калиум кој го регулира составот на телесните течности. Калиумот е добар за ткивата исто како што е калциумот за коските.

Грејпфрут – Уште една намирница богата со калиум, витамин Ц и бета каротен, па затоа е и своевиден чистач на црниот дроб и бубрезите.

Киви – Содржи витамин Е, еден од најголемите антиоксиданси меѓу витамините. Силен борец е против слободните радикали кои ги оштетуваат клетките.

Јаглени хидрати – Се мисли само на комплексните јаглни хидрати, а тоа се житарките, интегралните печива и тестенини, слаткиот компир и семките кои изобилуваат со витамин Б.

Овес – Овесните снегулки содржат еден редок витамин, а тоа е витаминот Х или биотин кој убаво делува на косата, кожата и ноктите.

Грашок и соја – Извор се на билни протеини и здрава замена се за месните протеини.

Риба и морски плодови – Консумирајте ја секојдневно додека сте на диетата за детоксикација. Содржи омега 3 масни киселини кои позитивно влијаат на нервниот систем, подобрување на концентрацијата, ја намалуваат појавноста на депресијата и уморот, а одлично го чистат организмот.

Вода – Воздржете се од алкохолот и консумирајте што повеќе вода за прочистување. Во водата може да додавате и по половина лимон на секоја чаша. Алкохолот е пијалак кој прави дехидрација на организмот, па многу е важно сега да го хидрираме.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk